петок, 10 септември 2010
почетна контакт веб-инфо веб-мапа en мк
За НБРМ
Лична карта
Функции
Транспарентност
Седници на совет на НБРМ
Организациона шема
Членови на совет на НБРМ
Програма за работа на НБРМ за 2010
Конференции
Годишна награда на НБРМ
Односи со меѓународни финансиски институциии
Односи со јавност
Соопштенија за печат
Говори
Интервјуа
Трудови
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Монетарна политика
Поставеност на монетарната политика
Спроведување на монетарната политика
Финансиски пазари
Девизен пазар на РМ
Аукции на благајнички записи
Меѓубанкарски пазар на депозити
Аукции на државни хартии од вредност
Пазари преку шалтер со хартии од вредност
Финансиска стабилност
Извештаи за финансиската стабилност
Индикатори за финансиската стабилност
Анкета за согледувањата на банките за ризиците при нивното работење
Платни системи
Платните системи во Република Македонија
Учесници и сметки во МИПС
Листа на водечки броеви на банките во Република Македонија
Регулатива за платните системи во Република Македонијa
Улогата на НБРМ во платниот систем во Република Македонија
Извештаи за платниот промет
Национален Совет за платни системи на Република Македонија (НСП)
Теми за дискусија
Конференции
Резултати од спроведени анкети
Статистика
Календар на објавување на податоци
Билтени
Монетарна статистика
Екстерни статистики
Основни економски показатели
Публикации
Месечни информации
Квартални извештаи
Полугодишни извештаи
Годишни извештаи
Истражување
Македонски пари
Банкноти во оптек
Монети во оптек
Јубилејни монети
Нумизматика
Нумизматичка дејност
Нумизматичка збирка
Публикации
Контакт
Прописи
Закони
Одлуки
Упатства
Супервизорски циркулари
Регулатива за државни хартии од вредност
Регулатива за дигитални сертификати
Банкарска супервизија и регулатива
Банкарска супервизија и регулатива
Законска регулатива
Извештаи, показатели, презентации и обрасци
Банкарски систем на РМ
Организациона структура на супервизијата и банкарската регулатива
Нова Капитална Спогодба (Базел II)
Прашања и одговори

Монетарна политикаПоставеност на монетарната политика
 

МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА - ПОСТАВЕНОСТ

1.      Поставеност на монетарната политика

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) е централна банка, чијашто основна цел е одржување на ценовната стабилност, при што таа е независна во остварувањето на функциите. Притоа, НБРМ ја поддржува економската политика и финансиската стабилност на земјата без да се загрози остварувањето на основната цел, почитувајќи ги начелата на пазарната економија. Во согласност со законски определените функции, НБРМ ја осмислува и ја спроведува монетарната политика. На крајот на тековната година, во согласност со претходно утврдената рамка на макроекономската политика, НБРМ изготвува Проекција на монетарните движења за следната година, која ја усвојува Советот на НБРМ.

2.      Цели на монетарната политика

Одржувањето на ценовната стабилност е основната цел на Народната банка на Република Македонија, утврдена со закон. Поставувањето на оваа цел е во согласност со емпириски потврдените сознанија дека ценовната стабилност создава најповолен макроекономски амбиент за долгорочно одржлив економски развој. Заклучно со 1999 година, инфлацијата во Република Македонија се мереше преку индексот на цените на мало, а од 2000 година таа се следи преку индексот на трошоците на животот. За остварување на крајната цел, НБРМ утврдува посредна цел на монетарната политика. Така, од април 1992 година до септември 1995 година НБРМ ја применуваше стратегијата на целење на паричната маса М1, како посредна цел на монетарната политика. Почнувајќи од октомври 1995 година наваму, НБРМ спроведува монетарна стратегија на целење на номиналниот девизен курс на денарот во однос на германската марка, а од јануари 2002 година во однос на еврото. Според тоа, одржувањето на стабилноста на девизниот курс на денарот претставува посредна цел на монетарната политика. Примената на стратегијата на целење на девизниот курс произлегува од: а) важноста на девизниот курс во мала и отворена економија;  б) потребата од номинално сидро за одржување кредибилитет; в) високиот степен на евроизација, и г) транспарентноста на политиката на девизниот курс и можноста за секојдневно следење од страна на економските субјекти.

3.      Каматна политика и трансмисиски механизам

Во услови кога монетарната политика е насочена кон одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот, каматните стапки и понудата на пари се зависни  категории, одредени од остварувањето на посредната цел. Преку својата каматна политика НБРМ упатува монетарни сигнали до банките и на тој начин настојува да влијае врз висината на нивните активни и пасивни каматни стапки. Тековно, основна каматна стапка на НБРМ е каматната стапка остварена на аукциите на благајнички записи.

ИНФЛАЦИЈА

 

ОСНОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА НАРОДНА БАНКА
ИнструментКаматна стапка
Благајнички записи4,50 %
Ломбарден кредит6,00 %
СТАПКИ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВА НА БАНКИ
Обврски во:
домашна валута10,00 %
домашна валута со валутна клаузула20,00 %
странска валута13,00 %
МЕЃУБАНКАРСКИ КАМАТНИ СТАПКИ
Рочности преку ноќ 1 нед. 1 мес. 3 мес.
SKIBOR 3,04 % 4,12 % 5,06 % 6,06 %
MKDONIA 2,70 % .
Резултати од последна аукција на благајнички записи
Резултати од последни аукции на државни хартии од вредност
Референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата 5,00%